Б А Б У Њ О С А Н

Потечен(а). Глагол. Отечен во лицето од спиење, пиење, болест. Деформирано лице и очи од горенавеените причини. Битолски.

Шо си бе ваков бабуњосан во лицето?

ОД СТАРОТО КИНО

Битолски израз кој претставува лице, најчесто од постара генерација, и секако според менталниот склоп, уверувања, вредности. Вредносно неутрален. Зависи од контекстот и конотацијата. Нормално дека се изговара со акцентска целост.

Шо си ојдоја тие бе толку рано? Еми остајги нив, од старото_кино се тие…

К Р Л Е Ш К А

Исто како и скопското љуљашка, битолски.

Не слезе детето од крлешка, цел ден се крла.

Д Р О П

битолски збор кој се користи да се потенцира (големо) количеството на алкохол испиено

Боооо еј брат вчера дроп се напрајвме!

М А К А Л О

Ко ќе се испијаниш и незнајш кај тераш (битолски)

– Вечер се прајме макало.

– Во петокот макало се напрајвме

ДРАПАЈ СИ ГО МЕО(Т)

Израз со кој се опишува небитност на некоја работа наспроти важноста што (незаслужено) и се придава. Порано, честа фраза кај битолчани.

– А бе, знајш шо работа му свршил Кузе на Паца в општина? Ептен… – Знам бе брат шо му свршил … Драпај си меот шо му свршил веќе …

ИМА СПИЕНО СО МАРИЈАНТИ

Маријанти- позната битолска јуродива од ХХ век. Се користи за изразување на неочекуван бран на среќа во нешто коешто усреќениот малку веројатно дека го заслужил според очекувани норми, вештина, знаење, труд. Битолски.

*при играње Бељот:

Не играм појќе, шо напрај овој ко со Маријанти да има спиено!

К У Р А Л О

Битолска номенклатура за безимени објекти со големина занемарлива во однос на околината. Курало е се’она шо не знајш како се вика или те мрзи да кажиш како се вика.

„Дај ми го куралото на маса шо е.“

М У

Битолска присвојна лична заменка во трето лице за машки, женски и среден род (еднина и множина)

Абе баламур, му се пушташ на Жането, а? Абе му реков на то шанкурињата да не прат беља ама…