Влатко Чагорски успешно продолжува со неговата дадена задача да изгради куќа, засолниште за светецот кој му се јавува како Свети Спас.
По повеќе години мака и мачение на која беше изложен, Влатко не можеше повеќе да издржи, па ја кажа маката на соселаните во Црнобуки.
Изгледот во 2017
Тој кажа дека мора да изгради манастир за Свети Спас затоа што веќе не можи да ги издржи притисоците од светецот.
Така и започна изградбата. Со премалку финансиски средства, но започна со пот и труд на соселаните кои се решени на Влатко да му помогнат.
2018
Целта на оваа добротворна организација е и ние, како македонци, христијани и патриоти на нашата вера, со нашите донации да помогнеме светецот да си ја добие својата куќа, своето засолниште кое веќе подолго време го бара.
Неговата изградба и ние ја поддржуваме и ја следиме. Денес ќе Ви преставиме до каде е неговата изградба.