Денес започнуваме едно ново, заедничко дружење со нашите пријатели веб страната www.mojrodenkraj.com.mk. Дел по дел ќе ги промовираме и запознаваме убавините на населбите кои се наоѓаат околу нашиот град. Започнуваме со с. Брусник. Населбата се наоѓа во подножјето на Баба Планина, западно од градот на оддалеченост од околу 3 км. Населбата е ридска и се наоѓа на 870 м надморска височина.
Во селото има споменик на паднатите борци во НОБ и прекрасни стари градби, со интересна архитектура. Во 1948 година во населбата се регистрирани 964 жители, а по 1961 година, кога броело 898 жители, започнало интензивно да се раселува; најголем број се во Битола, Скопје, а особено во Австралија, САД, Канада и Европа. Така во 2008 г. бројот се намали на 186. Се смета дека повеќе од 2 000 брусничани се иселиле во странство. Во последните неколку децении изградени се повеќе викендички. Со шест цркви Брусник многумина го именуваат за „Битолска Света Гора“.
Галерија и повеќе фотографии на http://mojrodenkraj.mk/village.php?id=150…
Ви благодариме…