Почитувани читатели, во овој период кој понатаму следи ќе Ве запознаваме со кратки делови од сеуште необјавената Монографија на ЈЗУ  Центарот за Народно Здравје Битола, благодарејќи на проф.Александар Стерјовски и раководниот кадар на ЈЗУ кои заеднички, несебично и великодушно со нас ги поделија овие материјали кои заеднички ќе ги разгледуваме и ќе се запознаваме со развојот на здравствените предизвици низ годините и неговото унапредување, зголемување на стандарди и друго. Како прв дел од оваа монографија ќе започнеме со формирањето и градењето на најважниот сегмент “Домот за народно здравје” во Битола…
Бактериолошката станица во Битола требало да стане санитетска институција од повисок ранг, да прерасне во „Дом за народно здравје“ и активностите во таа насока почнале уште во почет на 1925 год. Првин, со службен акт, замолен е Општинскиот одбор на Битола да се вклучи во изградбата со дар на општински плац за барањето дискутирано е на седницата на 17 мај 1925 год. Воведен збор имал претседателот на градот, Драгиќ Пауновиќ, а во расправата се вклучиле неколку одборници, сите благонаклонето расположени. Така, без проблеми, плебисцитарно земјиштето е добиено и на него можеле слободно да отпочнат градежните работи.

Подигнување на Бактериолошката станица во Битола
Првите два објекта
Оформената Бактериолошка станица

Следи формирање градежна екипа во која, покрај други, има и извесен број градежници Руси од битолската Руска колонија. Наскоро неколкуте објекти, сите бараки, готови « предавање.
Бидејки станува збор за добро екипирана и опремена институција, во која имало неколку одделенија: „Антималарична станица“, „Детски и училишен диспанзер“ „Кожно-венерична служба“, „Хигиенска“ и „Санитарно-епидемиолошка лабораторија“, во недостиг на доволен број простории, се наложи потребата од подигање и на нов објект. Обезбедени биле средства но бидејќи не биле доволни, побарана била материјална поткрепа и од Општината.
ДНЗ Битола стана водечка здравствена организација и за градот и за околните села чиј севкупен ангажман не била само превентивата туку голем дел и припаѓала и на куративата. Почитувајќи ги новите закони наменети за ваквите институции („Законот за сузбивање на заразните болести”, „Законот за контрола на животните намирници”, „Законот за помош на асанација на селото”, „Законот за социјалните и општествените болести” (туберкулоза, маларија, сифилис и др.) потоа и законите и уредбите за просветување на народот, за заштита на здравјето на школската младина, заштитата на доенчињата и малите деца, како и за други здравствени проблеми, разви цел спектар дејности и пожнеа навистина големи успеси во работата.
Во домот во еден период работеа овие лекари: д-р Десанка Пјаниќ (1921-1941). д-р Димитрије Јурченко (1923-1933) дерма-венеролог, руски емигрант, кој стекна голем углед со преданата работа, потоа д-р Никола Филатов (1923-1932). епидемиолог, исто така руски емигрант, д-р Љубица Бучковиќ, д-р Милош Лазаревиќ, д-р Тома Јовановиќ, д-р Ленка Стевановиќ – Вртипрашка (1928-1935), д-р Станислав Попадиќ (1928-1930), д-р Марија Попадиќ (1929-1932), д-р Вукашин Попадиќ (1932-1944), епидемиолог и микробиолог, д-р Мирјам (Марија) Попадиќ (1932-1944), сопруга на Вукашин, д-р Олга Грујиќ Новаковиќ (1938-1941) и други. Од основањето до 1930 год. на управителската должност беше д-р Милош Лазаревиќ кого го наследи д-р Тома Јовановиќ (1930-1933), a од 1938-1941 год. на тоа место дојде д-р Десанка Пјаниќ Кирковиќ. Во прво време Домот ги задоволувал здравствените потреби, но откако работата се прошири и екипата се намножи, почна да се размислува за подигање нов, современ дом, кој би бил и поблиску до градското јадро. Иницијативата, што е посебно интересно, не потекна од Битола, туку од „Хигиенскиот завод” од Скопје. Со акт бр. 19745 од 1939 год.. испратен до Општината Битола, најави дека ќе помогне и материјално доколку дојде до неговата реализација, повторно под услов доколку се добие бесплатна општинска локација. Истата ја прифати и ДНЗ кој експресно се вклучи во неа и започна да се организира за искористување на приликава. Експресно оформи работна група, во која влегоа д-р Константин Робе и д-р Александар Дума. Задача им била да го разгледаат предлогот, да поработат врз него, а и да понудат и нови идеи. Одговорот бил да се побара парцелата КП бр. 7293 од 6.070 м2, односно таква каква и што се бараше ОА „Хигиенскиот завод” од Скопје.
До реализација на проектов нажалост нема да дојде најмногу заради војната што наскоро се случи…

 

Александар Стерјовски, монографија на ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Битола