Преку платформата на битолчанецот Владимир Тасевски МОИ ДОНАЦИИ Ви ја претставуваме една од тажните битолски приказни:

Ериса и Џемаил Ертемоски, кој кратко работел во РЕК “Битола“ преку ДООЕЛ- фирма, пред еден месец мораа да се селат и да одат под кирија во еднособно станче на битолската периферија, а освен облеката и покривки, немаат ништо друго.

Но, среќата траеше кратко, а Џемо остана без работа. Сега се на бришан простор, соочени со мракобесието на стварноста.

Имаат 5 деца од кои три не можат да зборуваат убаво. Оставени се без храна и основни потреби за живот, без струја и во ладно. Да бидеме хумани, заедно да се сплотиме и да помогнеме на ова семејство да го помине овај мрачен период од нивниот живот.

НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОКАЖЕМЕ ХУМАНОСТ!

🙏🏽❤ Контакт 077/621-637 – Викторија