Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме со COVID-19, битолчанката Евгенија Дивитарова, ученичка во СОУ Ѓорги Наумов Битола апелира дека покрај медицинските лица потребна е заштита и на лица кои работат во институции кои имаат контакт со луѓе. За таа цел таа со нејзината ЦНЦ машина изработи 65 визири кои планира да бидат донирани.

Визирите се направени од материјал што се користи за укоричување (го има во книжарите) A4 формат (лесно се дезинфицира и може повеќе пати да се употребува).

Сите заинтересирани лица за овие визири треба да аплицираат и да го пополнат следното барање https://forms.gle/acCv5bMGXuJxQpwM6 , а доколку имате потреба од повеќе информации пишете ѝ во порака на нејзиниот фејсбук профил ТУКА

Напомена: Визирите не се за поединци!

ОСТАНИ ДОМА, СПАСИ ЖИВОТ!

Браво Евгенија