Дали ја познава некој Лилето на Гоце, брачеда му беше на Коче шо се дружеше со Љупчо на Васко, шофер шо беше во Шеќерната, на Васето од Камен Мост му беше брат. Е стрико му на Васето беше женет за Љупка, касиерка беше во Драгсторот, син му Диме учеше со Дијана на Летка шо му беше брачеда на Марето, тетка му на Пеце . Тој Пеце имаше сестра другарка беше со Блага на Ѓорги, работеше во Тапарата, другари беа со татко му на Јосиф, на Елка чичко му, Поштарот го викаја на прекар. Долу на Иван Милутинович живееше кај Ване гулаби со чуваше со Жолтио на Крсте син му, снаата негова му беше брачеда на Лилето . Ја знајте Лилето!



Е баш вака ние битолчани си прајме муабет за некој шо не го знајме…

Текст на Сашо Краљ
Слика насловна непознат извор