Нервите ми се тантела, Абе шо џанам, Шо се налони, Имај ме на мукает и повеќе од 1000 битолски зборој и битолцизми дено, прашања, споменвања, кој се манга битолчани, а кој се најубај битолчанки и слично се дел од најновата битолска фејсбук група СТАРИ БИТОЛЧАНИ која во овие досадни карантински деној ја разби монотонијата на битолчани.

Само за неколку дена досега на едно место се собраја еден куп битолчани кои се потсеќаат на сѐ и сешто, од местата кои ги посетувале од мали нозе, игрите, спомените, бурлеските, па сѐ до поновите години за меаните, настаните и личностите кои оставија белег за нашиот град како Мате, Маријанти, Ленчето УА Црвена Звезда и други.

Да се надеваме дека нема кусур да фатат некој шо се рангират како високо медиумски писмени личности

Групата е формирана од Благој Митревски Бага, професор во СОУ Таки Даскало во Битола. Ова е мал придонес од нас да му изразиме една голема почит бидејќи спомените и зачувувањето на битолската традиција од нашата Бабам Битола се света работа која треба да ја негуваме сите ние битолчани.

Алал ти вера Благоја Бага.

Групата Ви е ТУКА и обавезно да се зачлените.