Миливој Груевски (1939), стрелаштво.
Завршува Технички факултет – Архитектонски отсек. Како средношколец, во 1953г. станува член на Стрелачката дружина при гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Битола. Следната 1954 г. учествува на Републичкото првенство во стрелаштво во Скопје, во категоријата пионери со воздушна пушка и се квалификува за член на Македонската репрезентација во која станува постојан член. Истата година учествува на Државното првенство во Белград и со малокалибарна пушка во тростав (лежечки, клечечки, стоечки, 3 по 10 куршуми) исполнува сојузна норма од 264 круга од можни 300 и се стекнува со медал „Мајстор – стрелец“.
На Државното првенство во Белград во 1957 г. како македонски репрезентативец, во поединечен пласман станува шампион на Југославија во дисциплината лежечки став – „Олимписки меч“ со војничка пушка (181 круг од можни 200).
Следната 1958 г. на 13. државен шампионат на Југославија кој се одржува во Сараево, учествува со Младинската македонска репрезентација и го освојуваат првото место – златен медал и поставуваат нов државен рекорд во дисциплината малокалибарна пушка, тростав, 3 по 20 куршуми.
Извор https://sites.google.com/view/milivojgruevski