Битола е единствениот град во Македонија кој има хоспитална традиција, стара повеќе од два века. Најстарата цивилна болница во него, која “Благовештение (“Евангелизмос”), функционираше од го носеше името втората половина XVIII век до 1917 година, кога на во текот на бомбардирањата на градот беше запалена и срушена, после кое престана за секогаш нејзината хоспитална дејност.
Спитаљето
Оваа болница се наоѓаше на местото на сегашниот училишен центар за насочено образование “Таки Даскало”, простирајќи се и преку покасно новопресечената улица “Борис Кидрич”. На почетокот на XX век во Битола функционираа уште неколку болници, како болницата за сиромаси “Гураба Хаста Хане”, болницата за душевни болни “Тимар Хаста Хане”, болницата за венерични болести “Франги Хаста Хане”, малата Влашка болница и Општинската болница, покрај големата турска воена болница која постоеше од XVI век, сместена во зградата на поранешната егзархиска гимназија, што се наоѓаше на сегашната ул.”Климент Охридски бр.15, беше претворена во Општинска болница.
Егзархиска Гимназија (најголемата зграда право)
Сегашен изглед кај некогашната Егзархиска Гимназија, локација хотел Премиер
Најголеми заслуги за тоа имаше д-р Александар Протиќ кој како
физикус во градот, ја претставуваше санитетската власт во општината и беше носител на организираната здравствена служба. Кон крајот на 1913 година, привремената српска воена болница, сместено во зграда после Втората светска војна беше оваа во рамките на старата битолска гинеколошко-акушерското одделение болница, која функционираше до 1971 година, а денес е срушена. Болничките
капацитети што ги нудеше оваа зграда, ни од далеку не можеа да ги задоволат потребите на градот, заради што честопати преку јавните гласила и на разни
собири се наметнуваше потребата од проширување на болницата.
Гинеколошко акушерски дел од Старата Болница во Битола
Meѓутоа, состојбата остана непроменета и покрај согледаната потреба на интерното одделение да му се придодаде детско одделение, а на хируршкото одделение, гинеколошко. Една неопходна потреба е во битолската болница да се отвори очно одделение, а кожно-венеричното одделение да се премести во една солидна зграда, а не да се препушти во бараките. Исто
така, потребно е да има едно засебно туберкулозно одделение, бидејки, како што е познато, сега е многу тешко во оваа болница да се примаат болни со отворена туберкулоза, а уште потешко да се вракаат дома. Во слични, односно влошени болнички услови, Битола го дочека крајот на Втората светска војна, соочувајки се со бројни здравствени проблеми кои не можеше да ги реши адекватно, заради недоволниот болнички постелен фонд и малубројниот лекарски кадар.
Недостатоците во организацијата на здравствената служба и кадровскиот потенцијал, малиот број на здравствени установи, ограничената превентивна и куративна дејност, големиот број на заразни и други заболувања, лошите санитарно-хигиенски услови за живеење и др. беше болното наследство што го оставија војните.
ОРЛ дел од Старата Болница, не постои повеќе
Старата битолска болница веднаш по ослободувањето беше реновирана и приспособена за формирање на 4 одделенија: интерно, хируршко, гинеколошко акушерско и заразно, користејки при тоа и некои од зградите на Богословијата.
Очно одделение заедно со црквичето св. Јован кои не постојат повеќе
Болницата вработуваше персонал од 70 лица, од кои 10 беа лекари, 1 аптекар, 7 медицински сестри, 2 акушерки, 1 бабица, 3 лаборанти, болничари, чистачи и др.Идејата за изградба нова, современа болница и покрај тоа што беше постојано присутна, не можеше да се рeализира од економски причини. Затоа како привремено решение, што се провлекуваше подолго време, беше проширувањето на Старата болница со отворање на нови одделенија. За таа цел во 1945/47 година, беше искористен комплексот стари згради во непосредна близина на болницата, кои во време на кралството на Југославија се користеа како Богословија. Сите тие оеа реконструирани и адаптирани за се смести во нив интерното, хируршкото,
Некогашното хируршко одделение, сега дел од НУУБ
гинеколошко-акушерското, заразно, кожно венеричното, очното, ушното, детското одделение, антитуберкулозниот диспанзер со стационар за лекување на белодробната туберкулоза, рентген одделение, аптека, лабораторија, а од 1951 г. и службата за трансфузиологија.
Некогашното Интерно одделение, сега напуштена зграда сопственост на МПЦ
За нормално одвивање на работата во вака проширената болничка служба беа ангажирани лекари специјалисти од Скопје, Битола и од други градови, како: д-р Брановачки Милета, д-р Мелколијан Леон, д-р Косик Никола, за хирургија; д-р Хаим Абраванел за интерна медицина; д-р Ракик, д-р Павловик, д-р Александар Лазаров, д-р Берик Миленко (1899-1986), д-р Бубомир Шукаров (1919) и д-р Христо Кулишев, за гинекологија и акушерство, д-р Бора Варон и д-р Ела Маршавелова за педијатрија, д-р Коста Стаменковик114(177), за офталмологија, д-р Бородин К.Спиридон за оториноларингологија, д-р Никола П.Лапатанов за дерматовенерологија,
Д-р Михаило Попов за физиологија, а во заразното одделение кое беше под
контрола на интерното одделение, кусо време работеше д-р Анцело Татули и Д-р Кирил Жупски, иако не беа инфектолози, но затоа пак, беа искусни лекари од општа пракса.
Зграда на Ренген и Детското одделение, сега не постои повеќе.
Периодот од 1945 до 1950 година е период на постоjан и континуиран развој, кој се карактеризира со консолидација на амбулантно-поликлиничката
и кадровски и хоспиталната здравствена служба. Со мали економски потенцијали, во неадекватни простории кои често се менуваа, без скоро никакви средства за работа, таа грчевито настојуваше да се организира и да даде нови димензии и содржини на својата работа, со цел да се сочува и подобри народното здравје.
Во некогашниот комплекс на Старата Болница во Битола моментално се наоѓа стамбен комплекс од висококатници со неколку стамбени единици во кои живеат околу 1000-1500 жители.
Мапа од Стара Болница, фотографија од Google Maps
Текст, стари фотографии од книгата Здравството во Битола 1944-2004 на Петар Бојаџиевски и
Рената Бојаџиевска Цветковска.
Голема благодарност до Рената Бојаџиевска Цветковска.