Едно од најчесто поставуваните прашања на туристите кои ја посетуваат Битола е како е можно кафичите на Широк Сокак постојано да се полни со посетители? Како тоа постојано има луѓе ,,на кафе” ?
Одговорот е :
Кафето во Битола е традиција, изговор за средба. А пред се граѓанска должност! Вистински битолчанец, ако денес не испие барем еднаш кафе на Широк Сокак – ќе треба да му се одземи битолското државјанство. Некој ќе го сфати тоа сериозно, некој ќе се збуни.
Кафето е искрено внимание за да поминете време со некој кој ви значи. Да му покажете дека Ви е убо и пријатно со него, бидејќи кафе не се пие со секого. Барем кафе не. Зошто кафето има душа.
Еден западно европски турист додаде: Ова го имам видено само во Битола и Сараево. Само што таму кафето го пијат на Башчаршија. И тоа не е она ,,модерното” еспресо, макијато. Тоа е она баш кафе…
Во Босна и кафето има традиција на припрема. Се загрева водата и пред да зоврие се става кафето, па се враќа на оган да се ,,крене”. И се служи во малите бакарни ѓезвиња, за секој сам да си налева во порцеланските финџали облеани со бакар. Без локум никако. И се ужива, се гледаат минувачите, туристите кои се сликаат пред фонтаната Сибиљ.
И така времето застанува.
Некогаш, кога патот ќе ве однесе накај Босна, мора да застанете во Сараево. Да испиете барем едно босанско на Башчаршија, така најдобро ќе ја почуствуват душата на градот, а ќе ја испочитувате и традицијата.
И ќе сфатите дека Сараевчани се многу слични со Битолчани. И кога џебовите се празни, душите им се полни.
За обично кафе треба само двајца. А за убаво кафе треба искрени пријателства исполнети со големо внимание од луѓе кои се со многу повеќе срца.