Марјан Божиновски (Битола , 16 мај 1974 – Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.

Со младешка енергија и ентузијазам чекореше низ суровоста на животот. Ја имаше силната поддршка од родителите кои копнееа да го оженат, внуци да дочекаат. Веруваа сите во подобри времиња, надминување на кризата која ја потресуваше земјата.

Марјан и другарите не беа рамнодушни. Во нив пламетеше искреноста и патриотизмот кои станаа предизвик да заминат во одбрана на светите придобивки и независноста на македонската држава. Замина за Тетово, таму каде што дебнеше паравојската на албанскиот тероризам.

На 28 април 2001 година на патот меѓу тетовските села Селце и Вејце, подмолно, ѕверски и насилно згасна животот на 26 годишниот Марјан и на војниците и полицајците во масакрот кај Вејце кои застанаа во одбрана на својата македонска земја а станаа жртви на албанските качачки терористички банди.

Како што ни е пренесено од директните учесници во оваа случка , Марјан Божиновски требаше да биди во последната Лада Нива од патролата, во која сите имаа среќа и ја преживеја заседата, но се менува со негов колега од Ресен, само за да биди во првата Лада заедно со другарите, да биди заедно со Иле, Бошко и Кире.

Во масакрот кај Вејце, иако Марјан се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело е целосно јагленисано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети.

Погребан е на гробиштата во Битола. Божиновски остана неженет и без деца. Марјан Божиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Вакви деца тешко дека мајка повторно ќе раѓа. Вечни ќе бидите.