fbt

Марија започна да ја гради својата приказна во IWConnect уште во 2017 година. Нејзината желба за развој, учење и јасно зацртани цели и помогна да напредува, да ги оствари своите соништа и притоа да стекне многу пријатели.

Во продолжение прочитајте ја нејзината целосна приказна, а доколку сакате да слушнете што поточно таа работи на 12 Мај во 17 часот Марија ќе одржи предавање на тема Развивање на интеграциски решенија со Azure.

Како ја започна твојата кариера во IWConnect?

Мојата кариера ја започнав во startup ИТ компанија во Битола каде работев четири години. Потоа решив дека е време да одам чекор понатаму во мојата кариера, па така во 2017 станав дел од ИТ компанијата со најдобра репутација во Битола и во регионот, односно IWConnect. Од денешен аспект многу ми е драго што го направив тој чекор бидејќи тука запознав колеги со кои можам да споделувам знаење и да учам нешто ново секој ден. Тука работиме како тим и навистина сум среќна поради тоа. Започнав како Технички консултант, а денес сум Сениор Технички Консултант. Тоа е уште еден доказ за мојот раст во изминатите четири години и уште една потврда дека го направив вистинскиот избор.

Зошто избра да работиш со Microsoft технологиите?

Јас сум фан на Microsoft технологиите уште многу одамна. Кога одлучив да станам дел од ИТ индустријата знаев дека ќе работам на развивање решенија со помош на овие технологии. Во таа насока започнав како .Net девелопер, но сега сум фокусирана на .Net core и Azure services (повторно Microsoft технологии). Мислам дека уште долго ќе работам со Microsoft технологиите 😊.

Како изгледа еден твој работен ден? Што поточно работиш?

Генерално мене секој работен ден ми е различен и би рекла дека тоа е она што сеуште ме држи ‘жива’ во оваа индустрија. Меѓутоа сепак она што би можела да го посочам како заедничко за секој ден е… организирање на работните задачи по приоритет со цел да се реализираат во тој ден, комуникација со клиентот, учење на нови технологии, следење на новости во ИТ индустријата на светско ниво, тимската работа, неформално дружење и пиење на кафе со колегите (сега во екот на пандемијата пиеме виртуелно кафе :D). Во нашата компанија неформалното дружење никогаш не застанува, а тоа е така бидејќи ако сакаме да имаме одличен тим треба да имаме и одлична меѓусебна комуникација.

На какви проекти си работела досега? Дали би издвоила еден на кој си нај горда?

Сум работела на различни проекти за различни индустрии и тоа: телекомуникации, транспорт, здравство, образование итн… На поголемиот дел од проектите сум работела со .Net и .Net core, а веќе неколку години користиме и cloud services (Azure и AWS).

Секој проект е приказна и предизвик сам по себе. Многу е тешко да издвојам конкретен проект на кој сум посебно горда, бидејќи ако оваа професија ја работиш со љубов, тогаш секој проект ти зараснува за срце поради различна причина.

Идната недела ќе зборуваш на доста актуелна тема поврзана со развивање на интеграциски решенија на Azure. Дали можеш да ни кажеш повеќе за тоа?

Веќе неколку години ги истражувам и работам со сервисите на Azure и да бидам искрена она што ме мотивира да ги користам е тоа што континуирано се надоградуваат и нудат сè подобри сервиси со цел да креираме одлични решенија за пазарот. Во однос на Azure сервиси кои нудат интеграција, особено Logic apps, посебно сум воодушевена за насоката во која се движат и што сè ни нудат со цел во краток временски период (некогаш тоа е се и 30мин) да решиме проблем за кој со custom code би ни требале неколку денови.

За крај, зошто секој треба да биде дел од ова предавање?

Денес секој клиент бара брза испорака на решенија, па една од опциите тоа да му се понуди се интеграциските сервиси од Azure. Јас верувам дека преку ова предавање ќе можам да ја доловам моќта на конкретен интеграциски сервис од Azure со цел да ги поттикнам и останатите да го користат овој сервис (а и многу други сервиси од Azure) за да си ја олеснат својата работа и да имаат задоволни клиенти. Ние во IWConnect постојано учиме нови технологии со цел да сме во тек со времето и да понудиме најдобри решенија за нашите постоечки и потенцијални клиенти, па искрено верувам дека и многу млади ентузијасти можат да ни се приклучат на патот на развој по кој чекори IWConnect.

12-ти Мај во 17 часот бидете со Марија!