РОДЕНО 500-ТО БЕБЕ ГОДИНАВА ВО БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“
Денес, на радост на своите родители, во Болница „Плодност“ на свет дојде малата Антина. Но, она што ја прави посебна е фактот што таа е 500-то бебе годинава родено во Болница „Плодност“. Антина донесе радост и кај сите вработени во болницата, почнувајќи од докторите кои го работеа царскиот рез, медицинскиот персонал, педијатрите и сите останати, кои се грижат за благосостојбата на малото новороденче и нејзината мајка. Нека се множат успесите и до крајот на годинава очекуваме уште многу нови членови на нашето големо семејство на бебиња, родени во Болница „Плодност“.
Нека е здрава и жива, со мајка и татко. Среќни сите да бидете…