Димитар Бежановски од Битола, сега студент на ФИКТ а за нас познат како создавач на играта G.E.O.R.G.E. со која освои прво место на државно ниво

https://www.babambitola.mk/прво-место-на-државен-натпревар-за-тал/

не престанува да не изненадува!

Битолчанец ама како да е од друга планета направи SciFi краток филм во Unreal Engine 4, од типот на филмови кои се направени со принцип на real time rendering, кое претставува генерирање на компјутерска графика во реално време.

Во следните децении се претставува дека ќе се премини на исклучиво real time графика за филмови, заменувајќи го класичниот начин на pre-rendering.
Во филмот се работи за војници кои се мисија да го уништат кристалот сместен во храм кои кои држи рамнотежа во регионот и ги заштитува околните територии од напади.

Покрај нивната претпазливост, нив ги наоѓа заштитникот на овај храм и врши напад врз нив. Покрај тешка борба и неедначеноста со заштитникот на храмот, повеќето војници загинуваат пред моќта на заштитникот. Еден војник успева да го избегни заштитникот и да го уништи кристалот, а со тоа и самиот себе…

Ние останавме подзинати. За вас незнаеме. Филмот можете да го погледнете на следниот линк.

Димитар дете златно, респект до Сатурн и назад…