Ракометарот Томислав Кушан доби „зелено светло“ да замине во Германија

од September 27, 2021 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека бундеслигашот Вецлар ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Томислав Кушан, кој беше обврзан на договор со нашиот клуб до јуни 2022 година. Ракометарот доби „зелено светло“ да замине во Германија на медицински прегледи и потпис на договорот со Вецлар.

РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на ракометарот Томислав Кушан за професионалноста во периодот во кој го носеше дресот на клубот и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Исто така благодарност и до германскиот клуб за коректниот однос.

Во периодот минат во Битола, Томислав Кушан го освои Суперкупот на Македонија и пак заигра за националната репрезентација на Хрватска.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *