Едни од најстарите и воедно многу убави слики од Битола се направени од уметникот Едвард Лир во 1848 година.
Едвард Лир (Edward Lear: 1812-1888) бил англиски уметник, поет, музичар и автор. Повеќето од својот живот го поминал патувајќи низ светот, правејќи скици во молив, акварели и слики во масло од регионите низ кој патувал. Неговите уметнички дела се одликуваат со голема топографска точност и се високо ценети.
Во 1848 година Едвард Лир пропатувал низ регионов. Патувањето го започнал од Солун, се движел према северо-запад, со цел да стигни до Албанија. Патешествието го донело и во Битола, тогаш викана Монастир. Патот од Солун до Битола траел 4 дена, бил прашлив и минувал низ мали, раселени и запуштени села, ситуација која помалку го разочарала уметникот.
Но, кога стигнал во Битола, тоа што го видел, пријатно го изнедадило. Едвард Лир во своите белешки, меѓу другото, го запишал и следното за Монастир (Битола):Но, кога стигнал во Битола, тоа што го видел, пријатно го изнедадило. Едвард Лир во своите белешки, меѓу другото, го запишал и следното за Монастир (Битола):
„Очекувајќи – како и во секој претходен случај за време на ова патување – дека сјајот и убавината на надворешниот изглед ќе се променат при влегувањето во градот, во руини и досада, јас бев пријатно изненаден од големиот број на јавни згради, касарни и стражарници на влезот на градот, и во него, во ширината на улиците, чистотата и уредноста на куќите. Откако поминав низ дивини и слабо населени предели, енергичноста и брилијантноста на Монастир е извонредна и остави силен впечаток врз мене. Збунети сте од ненадејното повторно појавување на цивилизација, за која што очигледно сте мислеле дека сте ја оставиле засекогаш: чести проверки, чувари, музички групи, паши, палати со гарди, разни активности и купишта разновидни стоки ве чекаат на секој чекор. “
Инфо: Mark Kohen – Monastir: Oasis of Civilization 1839-63
Encyclopedia Britannica
Спреми Валентина Цветановска