Во 1876 г. во баварското гратче Бајројт, Лала заедно со Вагнер ја поставуваат славната оперска тетралогија „Прстенот на Нибелунз”. Ќерката на Франц Лист, Козима, била втора сопруга на Вагнер. Дошол до израз нескротливиот темперамент на Димитар, кој го вовлекол во афера со неа, што предизвикало силна љубомора кај нејзиниот сопруг. Најомилениот студент на Вагнер, грчкиот пијанист Емилиос Риадис, раскажува дека кога во Париз и’ предал писмо на Козима од Димитар, на нејзините очи навреле солзи.
Вагнер бргу потоа починал. Димитар продолжил да работи како диригент во Салцбург, Атина, Цариград за
на крај завршил како учител по пијано во Солун. Стекнал слава со детски песни. Во Атина во 1906 г. армискиот хор под водство на познатиот Јосиф Кесарис ја изведува неговата опера „Македонски
марш“. Компонира музика за операта „Саломе“, според текст на Оскар Вајлд. Почнува да компонира за операта„Електра“ од Софокле, која останува незавршена зашто умира во 1911 год. Во 1917 год. неговото семејство сето творештво го праќа по брод во Италија, кој ќе биде потопен од германска подморница. Преживуваат само музички текстови од предавања и некои хорски песни како Die Karthause и The Hermitage.
Наследството на Лала, во форма на мебел, порцелан, кујнски прибор од барок и рустик, албуми, часовници од неговата наследничка Катерина и покрај великодушни понуди на заинтересирани колекционери од светот ја продаде на градот во 2006 год. за симболична сума и на тој начин ја оствари неговата последна желба. Делови од нивната покуќнина се постојано изложени и можете да ги разгледате во Битолскиот музеј и тоа, раритетната германска машина за пишување марка Stoewer Record од 1909 г., американската каса во сребрена боја, австриската музичка кутија „Полифон“ со панорама кон виенската шума и многу други…
Куќата на Лала во Битола , сеуште ја чува тајната, тајната на мистичниот триаголник, тајната на нејзините посетители Франц Лист, Рихард Вагнер како и нејзиниот домаќин Димитриј. Мистерија која останала до ден денес непозната за сите нас и сеуште неоткриена …
Поставките од наследството на големата фамилија Лала се наоѓаат изложени во НУ Завод и Музеј Битола и можете слободно да ги разгледате и посетите… Благодарност до нив.