ВО БИТОЛСКИ РАДЕ КОНЧАР KOHCТРУИРАН Е КОМБИНИРАН СИСТЕМ НА ЗАГРЕВАЊЕ ЗА ЧИЕ ПРОИЗВОДСТВО БИ CE КОРИСТЕЛА ПОСТОЈНАТА ТЕХНОЛОГИЈА. CO ПОМОШ НА ТОПЛОТНАТА ПУМПА ВО СЕКОЈ ПОТРОШЕН КИЛОВАТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА БИ CE ЗАШТЕДИЛЕ 23 КИЛОВАТИ. 
 Испитувањата за пронаоѓање на економичен систем за загревање во фабриката за фрижидери и разладни уреди Раде Кончар беа извршени во последните три години.Сега како што сме информирани од раководителот на секторот за развој дипл.инж.Велјан Димковски испитувањата се завршени а колекторите се дефинирани и конструктивно и технолошки.

Кога нема да има сонце, ќе се активира топлотната пумпа 

Битола, –вели Димковски, има околу 240 сончеви денови и во тие денови можат да се користат колекторите на сончевата енергија, а за деновите кога нема да има сонце ќе се користи топлотната пумна која е составен дел на нашиот систем за загревање. 

 Топлотната пумпа, сосема логично, работи на електрична енергија. Но, треба да се знае дека со употребата на топлотната електрична енергија станува за 2,8 пати поевтина. Всушност, со еден потрошен киловат електрична енергија се заштедуваат 2,8 киловати. Очигледно, тоа е најдобар доказ дека комбинираниот систем за загревање на „Раде Кончар“ е примамлив и исплатлив. 

Најнапред ќе се инсталираат колектори со чија помош ќе се загрева санитарна вода во становите, хотелите и во други простории.
Примената на комбинираниот систем за загревање на „Раде Кончар“ се планира да започне за загревање на санитарната вода во становите, хотелите, камповите, како и за затоплување на штали и оранжерии. Тоа, за почеток е доволно, зашто еден квадратен метар колекторска површина просечно дава по 500 килокалории на час, Така на пример, за затоплување на еден стан од 50 квадратни метри неопходно е да се инсталираат 20 квадратни метри колекторска површина. 
 Голема предност на започнување со производство на овој комбиниран систем за загревање е тоа што за нeгo се потребни дополнителни инвестиции. Производството може да започне со технологијата која е инсталирана во „Р. Кончар“, па токму затоа можеме да се надеваме дека сончевата енергија ќе можеме да ја користиме скоро. 

K. Д. “Битолски весник” 1980 г.