До самиот ќош, по завршетокот на „Златарска улица“(1), имаше дуќан за дистибуирање на печат („Политика“, „Време“ и „Правда“) на Димче Пандарот. „Правда“ објавуваше по некоја фотографија од градовите и за тој што ќе погодеше од кој град е и даваше награда. Покрај тоа што Димче Пандарот беше дистрибутер на печат, тој на битолчани им служеше за кажување дека никој за ништо не е одговорен. Така, кога ќе се речеше кој е за нешто виновен, се велеше: ,,Крив е Димче Пандарот”.

(1) мали дуќанчиња кои беа на потегот од Безистен до Судот по средината на сегашниот Булевар 1-ви Мај, рушени после 1947 г.

Извадок од книгата на Вангел Деребан „Битола во мојата младост“