Битолчанката Рејчел Нахмијас го прослави нејзиниот 105 роденден

од October 9, 2022 0 коментари

Битолчанката Рејчел Нахмијас го прослави нејзиниот 105 роденден.

Нејзината внука Сара Ароесте, светски познатата ладино пејачка ги објави фотографиите на социјалните мрежи и напиша:

Овој неверојатна жена официјално полни 105 години!! Таа е прва братучедка на дедо ми и последната преостаната роднина од таа генерација која е родена во Монастир и зборувала ладино како нејзин прв јазик. Ја прославивме денес со 4 генерации горди Монастирли, проглас од гувернерот на Масачусетс

и возбудлива игра на Румикуб. Таа победи. Сите ние сме победници што ја познаваме. 105!!!

Инаку Рејчел е еврејка родена во куќата накарши Епинал,

каде што сега се наоѓа пицеријата Равена

и благодарение на тогашниот албански конзул во Битола успеа да се спаси од депортирањето во Треблинка ма 11 Март 1943 г.

Моментално живее во Њу Џерси, Америка.

Babam Bitola

Comments are closed.