Комплекс Епинал е хотел со традиција и историја, лоциран во срцето на градот, претставува синоним за квалитет и симбол на градот Битола. Високите стандарди кои долго се практикуваат, професионалната услуга која секој од нас ја негува, затворен Спа центар , конференциските простории, уникатната тераса „Широк Сокак“, највкусната храна приготвена од нашите мајстори во „Градска кафеана“, е она што го прави единствен.
Во периодот што следи новите сопственици, компанијата МАКЕДОНИЈА ПТИ ЛТД, планираат да направат големи градежни зафати и крајната цел е имплементација на светски стандарди за туристичка дејност и надополнување на содржините со спортски бар и пивница (во поранешната дискотека Свинг Ла Синема), модерен СПА центар во кој ќе уживаат не само странските гости туку и самите битолчани, нешто што одамна сакаат да му го подарат на градот.
Епинал ќе биде општествено одговорна компанија во сите домени на општественото живеење, еколошки одговорна компанија која сакаме да ги користи обновливите извори на енергија, ќе се грижи за околината, за своите вработени и ќе воспостави највисоки стандарди за квалитет во своето работење.
,,Епинал“ е еден од најреномираните угостителски објекти уште во времето на социјализмот и потоа успеа да остане препознатлив градски бренд на Битола.
Во глобалниот свет во кој владеат високо стандардизирани правила се градат и хотели со афтентичност, единственост, посебни карактеристики, препознатиливост вредна за паметење. Современиот гостин од хотелот очекува да добие необични ,,сценарија‘‘ затоа што за еден нормален престој, спиење и јадење можел да остане и дома, а токму таква приказна сакаме да биде и Епинал, приказна која ќе се памети.
Да бидеме лидер во Македонија и регионот поставувајќи високи стандарди, а нашите клиенти да ги увидат и уживаат во бенефитите од користењето на услугите на нашиот хотел.
Нашата мисија е да оствариме квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни услуги по светски стандарди и достапни цени.
Епинал е еден голем ,,Македонски сон” на новите сопственици и на секој кој што ја сака Битола, а Битола заслужува место во чии содржини нема да уживаат само странските гости туку и локалното население. Преку Епинал сакаме светот да го донесиме во Битола и Битола да ја однесиме во светот.
БИТОЛА Е ГРАДОТ !!!