hdr

Низ битолските обложувалници ЕВРОТИП и казина CLUB SLOT 77 кои се низ цела Македонија лани во 2019 година се свртела сума од 27,6 милиони евра, и бележи раст од 21,2 отсто. Добивката изнесува 238.400 евра и истата е намалена за 59,1 отсто. За нив лани работеле 438 луѓе и нивниот број во однос на претходната година е зголемен за 20,3 отсто.

Низ казината во Македонија се свртела сума од 295 милиони евра каде во топ 10 се и казината на друштвото за производство, трговија и услуги „КЛУБ СПОРТ 77“ ДОО Битола кај нас попознати како CLUB SLOT 77 и Евротип.

Како посебни игри на среќа се игрите на среќа во казино, во обложувалница и во автомат клуб. Бројките покажуваат дека битолчаните сопственици на Евротип и CLUB SLOT 77 имаат смисла за бизнис и од нивната работа егзистираат скоро 500 фамилии.

Колкави милионски суми се свртиле низ другите казина и обложувалници во Македонија погледнете тука кај нашите пријатели и соработници pari. com.mk