Битолчанецот Роберт Талевски Чомбе го искористи првиот снег во гратчето Гарфилд, Њу Џерси Америка, за да се буквално “искапи” во него.

Ладните битолски зими и екстремните ниски температури се дел од неговиот живот поминат тука во нашиот град, додека во Америка се наоѓа од пред некоја година дена.

Со снегот како десерт убаво му дојде и малку ајскрим шо би рекле американците по нивно.

Инаку Чомбе е бивш припадник и падобранец во специјалните сили на АРМ во државата која им го сврти грбот на сите мажи и професионалци, а тие нормално, сами и без пријатели си го пронајдоја патот кон успехот.

Те поздравуваме Чомбе. Респект!