Мал фин осврт на метењето денес.

Пак си бевме горе. Мојот клас, дечки од втора, четврта, дечки од Саба, клас од горната, претставници од Розета Стоун, Интерворкс, комшилук , благородни луѓе кои сакаат да покажат добар пример за колективно општествено однесување заедно со деца, внуци, комшилук кои си ги пуштија децата на помош итн.

Зага дечките дојдоа и си направивме видео. Добивме идеи за следни настани ама оп стоп не кажуваме шо се подготвува. 🎊🎉😁

Имам неколку аспекти за осврт и ќе си земам за право да си кажам. Овој пат неколку ученици ги пуштив фино културно да ги анкетираат пазарџиите. Нивните одговори се движеа во овој спектар: вие сега ко ќе дојдат камионите од Струмица не сте свесни шо ќе биди тука (да не речите дека не дадов предупредување), имаме недостаток на корпи или контењери (ова веќе 100 пати го кажавме и решавајте го овој проблем експедитивно), до не знајме ние од кај ова ѓубре е зад нас, ама и не ни е гајле, не ни е гајле ни кој сте ни шо прајте или пак ако сакате да чистиме дајте ни вреќи. Фино. Пак вака дрско да си одговарате и мајтап да си прајте, дури деца ви го чистат ѓубрето зад вас.

Апелирам, задолжените да почнат да си работат и да си ја заработуваат платата што си ја земаат секој месец, да си следат будно и да казнуваат кај е потребно. Ова е поздрав од сите нас, шо самосвесно денес се горевме на сонце 5 саати за поубава ливада. Свеста така се крева. Немам ништо против никој, ниту имам причина да имам, ама кога има ароганција над простотилук ууууууу го најдовте чоекот. 🙄

Следно, колеги од Техничко. Не знам дали знајте дека дечките од училиште како што си купуваат од Новиот Пазар јадење си го фрлаат фино попатно кај ќе стигнат. Знам,знам, знам дека не можиме на секој да им кажиме како треба и да не разбери, тргнувам од моите ученици, ама ако малку ги размрдате со акции малку поразлично ќе биди ветувам. Си чекаат повик за будење, а ние како нивни ментори им го должиме истото. Без навреда, ама мене ми пишат од новиот пазар. Им кажав дека на грешна адреса се, ама сепак сакале колку да знам. 🤷‍♀️

Последно, шут од шути луѓе најдовме мноооооооооогу. Се шо можевме собравме. Ни кажаа дека некоја фурна во близина се реновирала и срцето од таму навечер одело да си го фрла. Многу му има дојдено изгледа реновирањето, па неќел да се троши и за ова. И не само тој. Ги има многу. Локациите ви се овие. Навечер се дешавките. Отворете очи и работете си ја работата ако сакате да не биде сите. Ние пак ќе си изметиме нови простори со многу будни луѓе. Ве сакаме сите. Фала за ѓубрето од срце, без работа ќе останевме денес на вака убав сончев ден.🎉🎊

Спешл тенкс ту:

Кај Гајдаро – изненадно ни пуштија пијачки еден куп одгоре за метењето на дворот

Владе од Булевар не снабди со кифли

Корзо ни направи сендвичи

Жанета Пријевиќ ни пушти 50 евра за се потребно

Бојан и Стефи од СН метли и вреќи

Интерворкс вреќи и ракавици

Случајни минувачи кои препознаа и им даваа на дечките 100-ки, еден фин господин кој беше пресреќен дека му исчистивме под балкон во Хотел Битола ни вети 1000 за наредно метење. Ќе го барам.😁

И, цел комшилук шо ни пушти сокчиња, многу поздрави и ни сварија кафе пресреќни дека им го сметивме дворот.🙏👑🎊🎉❤️

Толку за денес. До наредно читање.

МИСИЈАТА НА II-6

Марија Магдалена Петковска Микаровска