nor_vivi

Институцијата карантин во Битола ја среќаваме не само во минатото туку и во поновото и во нашето време. Bo таквите случаи вообичаено било местото на заразата било индивидуалниот дом, улицата или пошироката регија (маалата) да се прогласат за потенцијални опасни места и да се блокираат. Односно да се подведат под строгиот режим на карантин. Примери за тоа има доста. Kora во првите месеци од 1933 год. била констатирана појава на тифус во неколку домови на улиците „Елбасанска’ (9). „Солунска“ (90) и „Планинска’ (36). и се оцени дека е најава за епидемии од поголеми размери, домовите веднаш биле изолирани. Упадливи предупредувачки соопштенија се поставени на видно место, обично на портите. биле обележја за одвраќање од посета. Покрај тоа и постојана стража од санитетот, која дежурала и дење и ноќе пред nopтите, попречувала влегување и излегување од домовите. Тоа се разбира создавале и посебни проблеми за изолираните. Учениците не можеле да заминат на училиште, возрасните на работа и тоа траело додека не се симнела забраната. Набавките за храна и за другите потреби врз себе ги преземале луѓето што го обезбедувале карантинот. За оние семејства кои се наоѓале на општинските списоци на бедни, трошоците околу набавките паѓале на товар на општинскиот буџет, останатите ги покривале изолираните. Вакви мини карантини имало и за време бугарската управа постапката била идентична, изолација. предупредувачки натписи. стражари и слично.

Имало и поприфатлива варијанта кога наместо карантин во домашни услови, заболените да се префрлаат во специјалните одделенија на „Државната болница”. Сето тоа се организирало и се регулирало преку „Општинската здравствена служба“, по чија наредба се вршела и темелна дезинфекција врз заразениот дом. Вакви мерки биле преземени и при појавата на првиот случај на стомачен тифус, на 22 Март 1942 год.. во Земјоделско училиште во Битола.

Само што била констатирана болеста, другиот ден бил извршен сеопшт преглед на сите ученици и на сите вработени. Сомнителните лица биле изолирани и испратени во „Државната болница“ на проверка и евентуално, на лекување. За млекото што се произведувало во училиштето се доби забрана за изнесување, имало поставена деноноќна стража за забрана на комуникции, која пред училиштето ќе остане 21 ден, односно до последниот излекуван случај. Се презела и целосна дезинфекција на просториите на училиштето и нa останатите објекти, а се испарија со парна машина ученичката облека и сета постелнина. Внатрешните ѕидишта биле поминати со изгасена вар, подовите со врела вода и со лизол, а клозетите посипани со изгасена вар. Ваквите зафати продолжија во континуитет секој ден, односно додека траел карантинот. Водата што била наменета за пиење, а која се носела во буре, била хлорирана. Исто така, бил земен и биолошки материјал и од сите лица што имале контакт со кујната, не само од вработените, туку и од учениците. Земени биле примероци и од хранителните продукти кои биле испратени во лабораторијата на Болницата. Најважна била вакцинацијата против тифус извршена врз сите незаболени учители, ученици и други лица кои биле поврзазни со училиштето.

Слични постапки на дезинфекции на индивидуални и на други објекти биле преземени и во прилики кога се појавувале и други заразни болести. Таква била извршена и во врска со дифтеријата, која жестоко нападна во периодот од 1941-1943 год. Тогаш биле активирани и парните дезинфекциони машини кога биле опарени постелнините, долната и другата облека и сѐ друго што им припаѓало на заболените, со гасена вар биле врвени и видовите на домот, подовите со врела вода и сода, а запалени или уништени биле сите детски играчки и непотребните домашни работи.

Извадок од монографијата Александар Стерјовски “Јавното здравство и превентивната здравствена заштита во Битола”