За денот на пролетта Хотел Епинал Ви подготви убава приказна која ќе Ви помогне денот на вашата свадба да биде како приказна од најубава бајка.

Втора година по ред, Саем за Венчавки Битола (Wedding Expo Bitola) организиран од Хотел Епинал! Традицијата продолжува!!! Хотел Епинал ги собра најдобрите снабдувачи на свадбени услуги на Саемот за венчавки во Битола кој ќе се одржи на 21 и 22 март од 10 до 18 часот, на најубавата локација на Широк Сокак, Хотел Епинал.

Оваа дводневна манифестација ќе се одржи во Банкет (свадбената) сала на Хотел Епинал, чија површина ќе се претвори во свадбена магија со многу експонати и изложби од локалните добавувачи.

Саемот за венчавки ќе ги вклучи најновите идеи и трендови поврзани со свадбите. Уживајте во прегледување на најкреативните, најуникатните и најпопуларните мотиви и теми за венчавки, и запознајте се со експертите од индустријата кои можат да го остварат Вашиот сон!

Најдобрите модни дизајнери, декоратори, фотографи, фото студија, продавачи на накит, ресторани за свадби, туристички агенции, фризери и шминкери ќе бидат на едно место. Очекувајте промотивни пакети кои ќе можете да ги искористите при организација на Вашата свадбена прослава, ревии, совети од познати дизајнери, лотарија и многу други изненадувања.

Дали неодамна кажавте „Да!“? 💍 Тогаш зачувајте го датумот и бидете на Саемот на венчавки со Вашата сакана личност!

Влезот за сите посетители е бесплатен.

Да ја прославиме љубовта заедно!