Препознавањето на асли градските Битолчани сега на денешно време би било многу тешко согледувајќи го фактот дека многу од нив ги нема,си заминаа или се измешани со многу други кои не се од Битола и се доселиле тука.
По легенди и кажувањата на старите битолчани асли Битолчанец или сегашен “Чкембар” можеш да препознаеш по неговите прсти од неговата рака.
Имено малиот прст на вистинскиот “Чкембар” му бил свиткан “на-внатре” исто како и на неговите предци кои на тој прст ги носеле “чкембината” од пазар кон дома… 🙂 🙂 🙂
По оваа легенда секој може сам да си провери дали е асли градски Битолчанец… 🙂