Во подножјето на нашето Тумбе Кафе,покрај патот кој води од Битола кон Буковска населба и Република Грција се наоѓа посебното старо Турско училиште наречено Исљахането во Битола.Во просториите на некогашната фабрика за чоколади и кекс “Прогрес” се наоѓало ова училиште кое подготвувало ученици кои биле занаетчии со занаети како кондураџискиот,терзискиот,дограмаџискиот и други.Со нив се задоволувале потребите на 30.000 војска која била сместена во старите Турски касарни.Истото почнало со работа во 1900 г. и било финансирано од државни средства каде учениците покрај теорија изведувале и практични часови.Во училиштето биле примани само машки деца (по пишувања од Ѓ.Д.Цолев).
Уметничкот
Една од поголемите битолски убавици кои се заборавени и од надлежните и од сите нас.Исљахането во Битола е голем и грандиозен Историски објект кој е заштитен со закон.
Исљахането е дел од Старите Турски училишта и Академии кои се препознатливи во нашиот град,кој е различен од другите и каде како професори беа познатите Тефик Беј и Данаили Ефенди,со нивните ученици Кемал Ататурк и Али Фести Беј…
Исљахането е дел од Битола,бабам Битола кое ден денес не чека да му ја вратиме заслужената убавина,која ја имало некогаш како на сликата…