Демировски е роден во 1927 година во Битола. Како млад го изучувал берберскиот занает кај Вангел Тодоровски – Мајорот, подоцнежен народен херој.

По ослободувањето бил првиот ученик од Битола испратен во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во Радио Битола. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика.

Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „Мариче ле лично девојче“, „Таму ле мајко близу Битола“, „Само ти се чудам Цвето“, „Сношти те Маре сонував“, „За кого ти цути Дано лицето“, „Денот ми наблиза на гурбет да заминам” и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани.

Ајри Демировски пред КРАШ

Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај“, песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во 2006 година. (1)

Ајри Демировски со неговата фамилија

За Турција заминал во 1955 година и потоа само два пати ја посетува Битола.

Почесен граѓанин на Битола 2006г.

Во Битола живееше на ул. Илинденска бр. 75-а.

Дел од тапијата од куќата каде што живееше во Битола
Во поново време броевите на Илинденска се променети, сега е бр. 133 каде што некогаш живееше Ајри.

„Каде и да заврши мојот живот, срцето секогаш ќе ми остане во Битола.“


(1) Википедија

Фотографии од Битола стари фотографии