Дел од навивачката група Чкембари затекнати од последните случувања кои ставија негативен белег врз битолското навивање, одлучија сами да направат подгрупа “Неколкумината одбрани – CHOSEN FEW“ и да ја вратат честа, образот и со тоа да ги обединат сите Чкембари од Битола:

Ние, неколкумина водени од чистата и искрена љубов спрема Пелистер и загрижени од моменталната состојба во Чкембари, решивме да основаме подгрупа која ќе биде насочена само кон Пелистер.
Chosen Few е составена од навивачи од сите делови на Битола, од активни и некои со некоја кратка или подолга пауза од нашата трибина. Патот кој сме го зацртале да го одиме пред нас е долг, но со искреност и срдечен пристап се надеваме дека ќе допреме до сите оние кој ради некои причини го закачиле шалот во домашното шкафче. Нашата цел е да бидиме пример кој ќе води кон повторно обединување на сите јадра на Чкембари кои биле некогаш дел од нас!
САМО ПЕЛИСТЕР !… е нивното целосно соопштение.