IWConnect е мултидисциплинарна ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија од денес го проширува своето портфолио на решенија со уште еден член – Global Help Desk.

Global Help Desk е мултифункционална стартап компанија која нуди услуги и решенија во повеќе области (Network Operations Center, help desk, call center) и 24/7 достапен партнер на своите клиенти. Со седиште во Битола, мисијата на Global Help Desk е да им овозможи на своите клиенти и нивните бизниси да функционираат беспрекорно секој ден преку давање на 24 часа поддршка и надгледување на нивните системи, 7 дена во неделата, а со тоа да им помогнат да станат водечки компании во нивната индустрија.

Партнерството помеѓу IWConnect и Global Help Desk го одразува трендот на соработка помеѓу компаниите во технолошкиот сектор. Технологијата се развива со голема брзина, а самото тоа придонесува таа да е клучна за секоја компанија. Со оглед на тоа, технолошките решенија и ИТ поддршката на тие решенија, и бизнисот во целина, се неминовен дел од функционирањето на една компанија. Приклучувањето на Global Help Desk кон IWConnect е резултат на овој тренд, а со тоа, IWConnect и Global Help Desk само ќе го зголемат квалитетот на решенијата кои ги даваат на своите клиенти.

“Веруваме дека приклучувањето на Global Help Desk кон IWConnect ќе ја зголеми и прошири вредноста која IWConnect ја дава на своите клиенти. Како компанија ние сме постојано посветени на давање на најдобрите технолошки решенија на нашите клиенти, и со нетрпение ги очекуваме можностите кои овој спој на компании ќе ги донесе. ” – вели Александар Мемца, партнер во IWConnect.

Ако сакате да дознаете повеќе за Global Help Desk, посетете ја нивната вебстрана. Доколку сакате детална информација за партнерството, можете слободно да нѐ контактирате.

IWConnect е мултидисциплинарна ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија преку употреба на најновите светски технологии од облaста на интеграциите, анализа и менаџирање со податоци, тестирање, развој на софтвер и апликации, поддршка на бизнисите итн. Визијата на IWConnect е да создаде семејно-ориентирана култура, каде секој ќе може да го сподели своето мислење слободно, да пренесе знаење и да им помага на другите, со што ќе овозможи личен, професионален и етички развој на своите вработени.