Ме фати ешта за торта ! Чаре, ќе ја напраам, ама си дадов мувлет , кога ќе ми биди ујгун, значи во недела саба – саба, на раат ! Таков ми е табието, кога правам нешто , не сакам во кујната да ми се мота уште некој, за да си гледа чешити и цело време да пљампа нешто ! Отворив ќитапот со рецепти, клавам ѕрцалата , се пулам , се думам и на крај ја пронајдов – чоколадна торта ! Од мастраф ми фали само чоколадо но колај работа , со ниет сум да одам до бакалница , ем ќе си напраам муабет со продавачката а башка ќе и направам алаш – вериш !

Купив отпојќе чоколадо, галиба фазла ќе ми остани ! Се џари продавачката оти купив полкило чоколадо и ми вели :

– Аман комшике , уѕур те фати на оваа скапотија торта да праиш !

– Бујрум и велам, поели во недела , знаеш оти ми е пуштена раката, белким ќе ја бендисаш , ако имаш к’смет да остане некое парче ! Знаеш каков калабалак сме дома и за унер сите мераклии на благо , за резил сум кога ќе ми дојди непендек некој гостин , па немам ништо благо да го почастам, ми иде в земја да пропаднам , ифрит им сум на сите !

Демек по планот во недела бидна ја напраив тортата , сѐ по ѓутуре , без мерка ама се погоди салам торта ! До вечерта маф ја напраја , ни трошка не остана од тортата ! Полојна торта јаде оној мојо суртук , око не му трепна , исаф да се немало за благо ! Машала му велам, крв да ти се стори , јадеш ко скинат , никакво фајде од тоа, како циронка си напраен ! Не оти се склдиса , уште ишарет ми дава, да не кревам џева !

ПОЗДРАВ БИТОЛЧАНИ !

АНАСТАСИЈА КОКАН ПЕТРОВСКА