Ин мемориам: Почина Томе Димитровски Тарзано, почитуван битолчанец и легенда на битолскиот фудбал

од • October 25, 2020 • 0 коментари

Томе Димитровски Тарзано (70), голман и подоцна тренер на ФК Пелистер, една година беше дел и од Првата лига во СФРЈ кога ги бранеше боите на Раднички од Ниш.

Роден на 21.02.1950 г. во Битола, по потекло од Смолево, познат и како “пантер” помеѓу стативите, Томе беше борбен голман кој цело време имаше доминација врз шеснаесетникот.

Од 1967 – 1971 настапуваше за Пелистер, Битола, потоа 1971/72 г. за Раднички Ниш и 1972 – 1986 повторно за Пелистер.
ПРВОЛИГАШКАТА СТАТИСТИКА во 1972/73: 15/0.

Димитровски ќе биде погребан во текот на денешниот ден, а натпреварот од десеттото коло на ПМФЛ меѓу Пелистер и Струга Трим Љум ќе започне со едноминутно молчење.

Искрено сочувство до целата фамилија.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *