ЧИРАКО И КИНОАПАРАТЕРОТ НА БРАЌА МАНАКИ, БИТОЛЧАНЕЦОТ МИХАЈЛО ЗЕГА (1905-1991)

По препорака на татко му Ванчо Зега, кој беше голем другар со браќата Манаки, Михајло започнува да работи како помошник во дуќанот. Покана која со радост ја прифати да работи кај прославениот Милтон Манаки: малку го чистел дуќанот, малку си играл и ја тимарел кобилата. Веќе по една година Манаки почнал да му дава задачи околу изработката на неговите фотографии, па набрзо станува чирак. Заработувал доволно за да може да го прехрани семејството и да го отплатува коцкарскиот долг на татко му. Тогаш Милтон Манаки, на Широк сокак го отвора првото кино на Балканот, а Михајло го назначува за киноапаратер. Тоа било сензација во градот на конзулите, а мајсторот и калфата станале неразделни соработници. По смртта на Ванчо Зега, Милтон му станал на Михајло повеќе од татко…

Емисијата е на ТВ Скопје од 1986 година, огромна благодарност до Македонската Радио Телевизија и до Петар Мирич за зачувувањето и архивирањето на оваа видео богатство.

Благодарност до Благојче Андонов