(АРНАУТ МААЛЕ – околу горниот дел на Курдерес),
(АТ ПАЗАР – кај старата автобуска)
(БАДЕМБАЛАРИ – меѓу Девејани и Бајрот), (БРУСНИЧКА/ЛАВЧАНСКА НАСЕЛБА)
(БАИР ГОРЕН – под и околу Тепсија)
(БАИР ДОЛЕН – од училиштето “Тодор Ангелевски“ до Крккрдаш)
(БАИР СМИЛЕВСКИ – од Ушици до Бадембалари)
(БУКОВСКИ МОСТ – кај Хераклеја), (БАНКАРАЧИ – од СОК се до Црн мост)
(БЕЛА ЧЕШМА – меѓу Прилепска и Иван Милутиновиќ)
(БОРИМЕЧКА/ГУРГУР – под линија), (МАЛ ПАРИЗ – под линија)
(БУМБЕ МААЛО – меѓу Турските гробишта и Иван Милутиновиќ),
(БУДАЈБУНАР – во чикмакот карши спомен-куќата на Стив Наумов)(БУЈУК ШАДРВАН), име на маала уште од турско и се наоѓа на ул Охридска над училиштето Др. Трифун Пановски кај малиот парк и параклисот на Св, Наум.

(ВОЈНИ БАВЧИ – од старата касарна до областа),
(ВЛАШКО МААЛО – во центарот), (ГАЈЧИН МААЛА – кај рибарниците)
(ГИНИМААЛЕ – левата страна од Сали Мостот до линијата),
(ГРАТЧЕТО ПЕЈТОН – во центарот), (ДОВЛЕЏИК – околу цр. “Св. Арангел“),
(ДЕВЕЈАНИ – насебата под Германските гробишта),
(ДРВЕН ПАЗАР – зад Саатот), (ДВЕ ГРЕДИ – кај каргото)
(ЃУПСКА МААЛА – пресекот на ул. “МиТ Живкови“ и ул. “К. Канински“)
(ЕВРЕЈСКОТО МААЛО – зад Уредот)
(ЖЕНСКА МААЛА – кај Зеленото пазарче), (КАЈ ЧИНАРОТ – кај ОУ “Горѓи Сугаре)
(КАЈГАС – надолу од црквата “Св. Кузман и Дамјан“)
(КАЗАК ЧЕШМА – кон Курделес, кај На-попот-нивата),
(КЛАНИЦА – од Карпош до Драгорот), (КАВАЦИ – над музичко до под Црн мост)
(КАРПОШ – од “Коле Канински“ лево до бавчите),
(КАМЕН МОСТ – центар), (КРИВА ВОДЕЈНЦА- кај затворот) (ЛАВЧАНСКА КОРИЈА ),
(МАЏАР МААЛЕ – од Црн мост до Педагошка со се Зеленото пазарче),
(МЕЧКАР МААЛЕ – кај Аргирица), (НЕДОПИРЛИВИ – од болницата до касарната),
(ОБЛАСТА – од Војни бавчи до Арнут Маале),
(РЕМО – од Веро до Декорпод), (РОЧКА МААЛО – ???),
(ПЕТОЧНА ВОДА – кај црквата “Св.Петка“), (РУСКА ЦРКВА – Кај старата свилара),
(РАСАДНИКОТ – над Педагошка), (СТРЕЛИШТЕ – карши Монополот)
(СТАРА БОЛНИЦА – во центарот), (СКУБЕРНИ – по Илинденска, зад СОК)
(ТРИАГОЛНИКОТ/ДУЛИЕТО – крајот на Прилепска и Иван Милутиновиќ),
(ТЕНЕЌЕ МААЛО – кај црквичето “Кузман и Дамјан“),
(УШИЦИ – кај Турските гробишта), (СТРЧИН – кај болницата ТБЦ),
(ЦИРКУС МААЛЕ – зад Ловџиски дом), (СКРШЕНА ЏАМИЈА – кај Гроздот),
(ЦРВЕНА ВОДА – накарши маркетот Св. Тома)
(ЧИФТЕ ФУРНИ – на десната страна од Саали мостот). (ЧИНАРЦИ-околу Чинарот)

Валентина Цветановска