Битолчанецот Вангел Котевски е нашиот херој на денот.

Од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да евакуира околу 50 други патници, македонци, кој патуваа со агенцијата на тетовскиот превозник „Хафет турс”, изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник.

Благодарение на нивната брза реакција нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж.

Миризба на чад и изгорена пластика ме разбуди околу 02.00 ч. на пат за Сплит. Веднаш на цел глас ги алармирав сите патници на кои еден по еден им помогнав да излезат преку блокираната врата од автобусот. Гореше моторот на автобусот. Возачите ги фати паника и двата излегоа од нивната возачка врата. После му свикав да дојдат да ни поможат, но веќе беше касно гореше задниот дел на автобусот. А ние помагавме во извлекувањето на багажот.

Сеуште не ми е јасно како на толку хаос, чад и оган успеавме сѐ да спасиме. Сигурно е Божја волја”- ни раскажа битолчанецот Вангел Котевски на кого му изразуваме голема почит за неговото херојско дело.

Инаку патниците патуваат на одмор во Хрватското крајбрежје и да се надеваме дека другите денови ќе ги поминат во убава и пријатна атмосфера поразлична од оваа пеколна ноќ…

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here