Агенцијата за маркетинг, графички дизајн и печатење Creative Art, заедно со Боксерскиот клуб Пелистерски Јунак од Битола
започнаја со граѓанска хуманитарна иницијатива под слоганот #heroinasvojotgrad
која имаше за цел да се собираат парични донации, производи од храна и средства за лична хигиена.

Целата акција траеше 4 дена и се одвиваше на штанд кој беше поставен на Широк Сокак пред “Верo” каде се собираше храна, средства за лична хигиена и пари.

Искажуваат голема благодарност до нашите битолчани кои несебично донираја и од кои беа собрани доволно средства за да успеат да ги задоволат основните потреби на десет битолски семејства со основните намирници за еден месец.

На крајот додадоја дека оваа иницијатива ќе продолжи и после Велигденот бидејќи мора да се помага за овие големи празници и дека само со љубов се победува секое зло, рече Иван Стојановски организаторот на целата иницијатива.

Секоја чест за нив. Браво👏👏👏

еден коментар

  1. Немам зборови со кои можи да ви се искажи хуманоста Госпот да ве БЛАГОСЛОВИ

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here