Во Обединетото Кралство важи Законот за изолација и мора да се седи дома. Училиштата веќе еден месец не работат и децата слушаат настава преку Google classroom.
Сите бизниси работат или од дома или се затворени додека не заврши карантинот.
Отворени се само супермаркетите, аптеките и докторските ординации. Поштата нормално функционира, но работи само главната пошта во градот.
Болниците функционираат на тарифа на “сигурна болница” т.е. една болница има екстремно ригорозни постапки за влегување таму и нема заразени. Во другите болници има заразени и карантин за нив.
Дозволено е да се излегува еднаш дневно по максимум 40 минути колку да се излуфтираш и тоа некаде каде што нема лујѓе.
Во супермаркет се оди еднаш до двапати неделно. Нема активен полициски час, но сите ги почитуваат рестрикциите.
Супермаркетите ги имаат сите потребни намирници и има рестрикција на бројот колку може да се купи и затоа некои од намирниците се поскапени до 20%.
До сега Обединетото Кралство има нешто помалку од 13000 жртви и 99000 заразени. Само прошлата недела во еден ден имаше 1000 жртви во земја од 66 милиони жители.
Во земјата нема паника, сите се придржуваат на предложените мерки, сите служби функционирааат како што треба.
Британското здравство NHS си ја врши работата и се уште нема недостатоци на материјали. Прошлиот викенд за Англискиот Велигден беа тестирани 15000 луѓе.
Ние дома функционираме во најдобар ред, се придржуваме на мерките кои ни се изречени.
По прозорците децата имаат ставено цртежи со божилак за поддршка на сите клучни работници кои во овие тешки денови се на првите борбени линии.
Црквите за Велигден беа затворени и сите верски храмови. На полноќ чукна камбаната и кој сакаше стави запалена свеќа на прозорецот.
Казни како кај нас нема, но по автопатите нема автомобили освен камиони за достава. Ако отидеш до друг град и на автопат те застани полицијата мора да имаш многу добар разлог зошто си на пат иначе ќе добиеш казна од полицијата за непочитување на мерки за јавна сигурност.
Фотографиите се од денес во Stratford-upon-Avon кога отидов во неделна набавка на храна.
Поздрав до сите мои битолчани и грижете се добро за вас и вашите фамилии.
Валентина Мишковска Петрович