Црквата Света Петка е изградена во осумдесеттите години на минатиот век, и според многумина во тоа време беше најмодерната црква и предизвика големо внимание кај архитектите, црковните лица и верниците.
Утре на 8 август, се празнува летна Света Петка Параскева. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.
Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејстваИменден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…
Опремата што се користеше за ова видео е: Дрон (Fimi X8 SE 4K)
Музиката во ова видео e Synthesis Cuma.
Беше уживање да го направам ова видео, и ако уживавте да го гледате, ве молиме споделете со вашите пријатели! И, ако сакате да видите повеќе видеа како ова, бесплатно претплатете се на мојот канал.
Џоле Трајчевски