Денес е градски, односно селски Велигден. Гостите од селата го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата.
Пред стотина и повеќе години обичајот започнувал во четвртокот по Велигден кога гостите од селата доаѓале во црквата „Света Недела“ во Битола.
Дел од обичајот сега се одвива на долното сретсело во Гинимаале каде културно уметничкото друштво Илинден од Битола има свој перформанс.
Како тоа изгледаше далечната 1993 година погледнете на видеото…
Видео на Сашо Првуловиќ