Во кафе-бар Везилка се одржа промоција на вториот роман на младата битолчанка Нона Марковска. “Големата лага и малите вистини” е втор роман на младата битолчанка Ивона Марковска, пишуван за дејство на друго тло, инспириран од пандемијата.
Дејството на романот е во Рим, ликовите се водич кон различниот поглед кон животот.
-‘Уште пред корона-вирусот да ми ја даде инспирацијата, сакав да ја отворам прегратката кон различностите” – вели Нона Марковска.
Романот е крик кон стереотипите во општеството, мултимедијален проект кој има порака за да се смени менталитетот во општеството.
“Уметноста е критика кон општеството и треба да купуваме и читаме дела од македонските уметници”. На крајот од романот е напишан нејзиниот мејл и ги повикува читателите да дебатираат со неа. Романот е во издание на Издавачката куќа ТРИ и може да се најде во повеќе продажни места и online на kniga.mk.