На 17.09.2021 година, четири припадници на битолскиот тим за спасување од планина и високи објекти при ДЗС (Дирекција за Заштита и Спасување) кои се припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување) во состав на Републичките сили за заштита и спасување заминаа во Охрид, каде ќе земат учество на претстојната НАТО вежба која во организација на Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи ( EADRCC ) ќе се одржи во периодот од 20 -24 септември на подрачјето на Охрид и Струга.

Станува збор за сценарио за справување со последиците од катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско- Струшкиот регион.

Оваа е досега најголема и најзначајна цивилна НАТО вежба во која ќе земат учество 28 земји со преку 700 учесници со различни тимови за заштита и спасување.