Битолчани во текот на вчерашниот и денешниот ден на плоштадот Магнолија донираа 4550 пакети Аутан мачкала, 7660 спрејови Пипс, 6000 шишина киселина, 10000 запаливи стапчиња за бркање комарци, 2440 течности заедно со се ел.апарати за во струјата, 2885 комарници, 1500 рачно изработени стапици и 4554 пластични тепала за поддршка во справувањето на големата криза која ги зафати скопјани, со надеж дека еден ден Скопје ќе им врати барем субвенционирана струја, седиштето на Елем или Битола главен град на Македонија.

Во склоп на сето тоа собрани се и многу прирачници со лични сведоштва и раскажувања за “Како ич да не те касни комарец?”, “Како можиш на еден комарец да му избегаш на време?” и “Шо треба да пиеш за да не бидеш каснат од комарец?”.

Битолчани се едногласни и во размислувањата за давање на безшумен авион за прскање против комарци: “Поради фактот дека од страна на скопјани везден сме зафркавани оти Битола нема аеродром, од нас сега, засега нема за нив авион…” децидни во размислувањата.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

“Како шо вие нас ни ја цицате крвта, така и комарците да Ви ја цицат вашата”- на крајо им порачаја битолчани…


Текстот е измислен поради вечното ривалство Битола vs Скопје, малце хумористичен и служи само за забава без намера некого да навреди…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here