Почитувани пријатели, мораме да ја најавиме големата акција која што ни претстои после првата половина на мај 2021. Имено, се работи за можеби најголемата акција која ја има испланирано и реализирано една граѓанска организација, а се однесува на поделба на 1620 прехранбени пакети, ( над 32.000 кг храна за над 5000 лица ) 6480 маски и 1620 хигиенски средства за 1620 фамилии во 20 општини во Македонија. Помошта е обезбедена во рамки на нашиот ВСС Ефект проект поддржан од Европската Унија.

Тое е можеби една од поголемите акции во помош со храна и заштитни средства од страна на Европската Унија во нашата држава и тоа токму преку Банката за храна МК.

Помеѓу 10 и 15 мај ќе се пакуваат 1620-те пакети, и акцијата може да почне знаејќи дека за 15тина денови ќе посетиме 20 општини и ќе израдуваме барем малку, 1620 семејства.

Заедно против гладот и фрлањето храна!