Некултурата на младите битолчани најповеќе доаѓа до израз на местата каде тие се секојдневно присутни , воочувајќи оддалеку дека се без ни малку домашно воспитување. А тие замислете ни се иднината. Но како во сите акциони филмови покрај негативци за среќа се појавуваат и позитивни ликови, денес акцијашите од Планинарската Еко Група „Турниме да кинисам“, кои до перфекција ја подобрија цела ситуација и Ве поздравуваат заеднички да делуваме за од Градот на Конзулите да не станиме Градот на ѓубреџиите:
„Околу авионите до џепането сега е чисто. Вервам дека сте совесни и дека ќе остани чисто, оти треба да си го чуваме нашето.
Поздрав од ПЕГ Турниме да кинисам ❤“ Александра Десковска