Вкупно 3,322 лица од државава досега се пријавиле за да бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА, преку аплицирање на веб-страницата на американската вселенска агенција. Од нив дури 3200 биле битолчани!
Се научивме веќе околу 20 години да живееме како на Марс, во град “без атмосфера” , полн со кратери и прашина како на Марс. Таму барем нема смрдеа шо течи од камионите на Комуналец, со воодешување ни раскажа еден од пријавените.
Доста ми се 50 денари за кафе и таму ќе си уживам по цел ден. Барем кабадаи со вештачки мускули нема да гледам, во смеа дофрле другиот соговорник кој беше со него..
Мисијата ќе биде во 2020 година, а среќните добитници ќе бидат испратени со роверот „Марс 2020“.
Лансирањето кон Црвената Планета ќе биде од космодромот во Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида меѓу 17 јули и 5 август идната година.
Апликации може да се испратат до 30 септември оваа година.
Од регионот најповеќе апликации испратиле 19.764 лица од Грција, 8.525 од Србија, 7.113 од Бугарија, 7.051 од БиХ, 6.181 од Хрватска, 4.388 од Албанија, 2.920 од Словенија и најмалку 850 од Црна Гора.
Највероватно заради големата заинтересираност на битолчани и нивната братска поврзаност со нив најмногу се пријавиле од Турција – 2.510.603.
Селам алеќум браќа се гледаме на Марс!
Извор на фотографии од https://www.gpbnews.org/post/nasa-wants-send-your-name-mars-2020
………………………………………………………………