Ѓоко Георгиев (17 јануари 1926 – 20 октомври 2003) — еден од клучните луѓе и најмаркантните личности на македонската забавно-музичка естрада, особено во нејзините најрани денови.

Роден е во Битола. Георгиев бил доајен на нашето радио-водителство и водител на првите контактни програми на Македонското Радио, продуктивен и широко популарен музички новинар и репортер, автор на над 3.000 текстови за популарни мелодии и стотини осврти и рецензии како и соработник-музички новинар на „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“, „Екран“ и други специјализирани ревии.

Неколку децении бил популарен водител на култните емисии „Три гонга“ и „Средби низ музика“ кои станаа синоним за популарноста на Радио Скопје и далеку надвор од границата на нашава република. Бил директор на првите Скопски фестивали на забавна музика, долгогодишен уредник на Редакцијата за забавна музика при Радио Скопје.

Со својот специфичен глас тој буквално успеваше да закова пред радиоприемниците огромен аудиториум и како таков беше присутен речиси во секој дом, следен со страст од многу генерации. Меѓу другото, Ѓоко Ѓеоргиев е добитник на низа најпрестижни признанија од оваа област, како и носител на Наградата за животно дело, која слушателите на Радио Буба Мара му ја доделија во 1999 година.

Почина на денешен ден 20.10.2003 г. пред 17 години.

Како звучеше неговиот глас слушнете на снимката од Макфест 1986 г.

Фотографии Дискос и Јутуб