Состојки:
Околу 2 чаши брашно (јас користев 1 чаша бело и 1 чаша интегрално)
½ лажичка сол
1 лажичка шеќер
20 г свеж квасец
2 лажици масло
½ чаша топла вода
сечкани маслинки по потреба
*** големина на чаша е 250 мл
За да се натопи ѓеврекот:
1 лажица мед варени во 1 чаша вода
сусам по потреба
Подготовка:
Се раствора шеќерот и квасецот во топла вода, се меша и трга настрана 3 минути.
Во сад, ставете 1 чаша брашно, сол и масло. Добро измешајте. Додадете ја мешавината од квасец и почнете да го месете. Можете да користите миксер сo маталките за тесто на почетокот и да помесите со рака на крајот. Додадете ја другата 1 чаша брашно постепено по потреба.
Се меша и меси околу 10 минути, додека не добиете нелепливо тесто. Покријте и оставете го на топло место да се зголеми двојно околу 1 час.
Од оваа доза, се добиваат 6 ѓевреци со средна големина. Значи, поделете го тестото на 6 еднакви парчиња.
Набрашнете ја работната површина, со рацете исукајте го секое парче во долгнавеста форма на јаже, потоа раширете го малце, распоредете ги исчистените парчиња маслинки долж средината на раширеното тесто и пак затворете го. Потоа вртете го тестото спирално и спојте ги краевите на тестото за да формирате круг, цврсто притиснете ги краевите за да се залепи убаво.
Кога ќе се формираат сите ѓевреци, се вари вода со мед и се натопува секој ѓеврек во водата која врие околу 20 секунди, а потоа веднаш се прпелкаат во сусам и се редат на плех обложен со хартија за печење.