… Застанав на влезот на Битола и размислив: “Влегувам во градот кој знае повеќе од мене за мене… Влегувам во градот кој знае за мојата стара љубов и предвреме, пред да се случи, знае за мојата нова љубов (нова љубов?!)…

Градот кој памети како сме биле облечени пред 3 викенди, па дури ја памети и бојата на лакот за нокти. Влегувам во истиот тој град кој знае со кого сум ги испила дневните кафиња на Широк Сокак и кој се беше “мета” на дневната трач-доза.

Тој е истиот град кој ја памети секоја висока штикла помината на неговите улици, во било која доба од денот.”

Продолжив…

Да, влегувам во тој град.

Го сакам овај град!!!

П.Г.